Целосно прекинат сообраќајот кон Граничниот премин Блаце поради пожар

од Milan1
16 прегледи

Поради ширењето на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот на патниот правец Стенковец-ГП Блаце, во двата правци, а затворен е и граничниот премин Блаце, информира Министерството за внатрешни работи.

„МВР во координација со другите надлежни институции презема мерки за гасење на пожарот. Апелираме до граѓаните да не тргнуваат кон ГП Блаце до гасењето на пожарот и нормализирање на сообраќајот, за што соодветно ќе ја информираме јавноста“, се наведува во соопштението.