Сиљановска Давкова: Истото ова што ни го прави Бугарија, можеше и Австрија да го прави кон Словенија, но не сакаше

од Nikola Popovski
558 прегледи

Гледам како на еден феномен кој што докажува дека демократски дефицит во ЕУ, вклучувајќи го и ЕП кој што треба да биде дом на европскиот демос и граѓани. Демосот го нема. Не сум шокирана, иако сум длабоко разочарана, особено од природата на некои амандмани, вели шефицата на државата, Гордана Сиљановска-Давкова за Извештајот за Македонија во ЕП и тоа што бугарските европратеници излобираа да се тргне македонски идентитет и јазик од официјалниот документ.

Според претседателката, во ЕП седат претставници на партии што се против самата ЕУ. Вели националистички партии како што беше грчката Златна Зора.

Сиљановска вели дека била пријатно изненадена од известувачот Томас Вајц. Смета дека тој ги познава добро балканските прилики и неприлики.

-Истото ова што ни се случува на нас, можеше и Австрија да го прави кон Словенија, но, не сакаше, бидејќи во словенечкиот Устав ги нема Австријците, Хрватите, Бошњаците и тие се запишани под други. Но, природата на амандманите покажа дека навистина не само светот, туку и Европа и ЕУ имаат сериозни проблеми со демократијата. Сепак, не можам, а да не кажам дека ова е веројатно еден момент што тера на размислување…, истакна Сиљановска Давкова пред годишниот настан на Комисијата за заштита од дискриминација „Разговори за еднаквост“.

Слични содржини