Ковачев повторно се жалеше за „репресии“ над македонските Бугари и порача дека Скопје ја прикажува Софија како непријател

од Nikola Popovski
254 прегледи

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев продолжи со својата контроверзна и навредлива реторика кога станува збор македонското прашање и евроинтеграциите на земјава. Тој вчера на пленарната дебата во Европскиот парламент по повод Извештајот за напредокот на Македонија кон ЕУ порача дека „настраданите граѓани на РС Македонија ја чекаат својата заслужена европска иднина повеќе од две децении, но политичарите во Скопјe очигледно не брзаат и систематски го саботираат овој процес“.

-Наместо реформи и вистински напредок, гледаме популизам, националистичка реторика и удобно прикажување на Бугарија како непријател, поради што европската интеграција на земјата не оди добро. Оваа политика води и кон директни репресии врз луѓето кои го зачувале својот бугарски идентитет, наследниците на мнозинството македонски Бугари. Тие се подложени на притисок, дискриминација и отворени закани, како што е случајот со Љупчо Ѓорѓиевски, еден од најистакнатите претставници на бугарската заедница во Македонија, кој денес е тука во салата. Европската Унија не може да замижи пред ова.

Мора да престане да ги гази правата на сопствените граѓани поради нивната етничка припадност, а споделувањето на вистината за историјата не треба да води до правни битки.

Властите во Скопјe сакаат гаранции дека нема да има други услови ако ги исполнат обврските што веќе ги презеле. Разбирам дека тие сакаат и дополнителни стимулации во форма на признавање на идентитетот и јазикот, што ги стави известувачите во незгодна ситуација, рекол Ковачев во своето обраќање на бугарски јазик од говорницата во ЕП.

Европратеникот се обратил и на англиски јазик пред неговите колеги.

-Најголемата гаранција за РСМ е исполнувањето на усвоените заклучоци на Советот од 2022 година и Преговарачката рамка. Правилата бараа повеќе и го добија цврстиот став на Бугарија, усвоен едногласно од бугарскиот парламент, дека нема и нема да има во иднина други услови освен оние што веќе се споменати погоре. Мојот итен повик до политичката елита на оваа прекрасна земја е – не губете повеќе време на вашите граѓани и започнете го процесот на преговори. Ние ќе ве поддржиме и топло ќе ве пречекаме во ЕУ. Драги политичари од РСМ, судбината на вашите граѓани е во ваши раце. Не барајте непријатели и не ги оправдувајте вашите контрапродуктивни дејствија од нив, додал Ковачев.

Слични содржини