Навредлива реторика од грчка европратеничка: „Јазикот во Скопје е бугарски дијалект, јас сум вистинска Македонка“

од Nikola Popovski
408 прегледи

Oстра реторика и многу навредливи и националистички пораки беа испратени вчера на пленарната седница на Европскиот парламент на која се дебатираше за Извештајот за напредокот на Македонија во ЕУ. Грчката европратеничка Афродити Латинопули од десничарската група Патриоти за Европа (ЕФП), истакна дека таа е „вистинска горда Македонка“, а не „лажна како жителите на Скопје“. Таа ги поддржа и бугарските ставови за македонскиот идентитет и јазик, порачувајќи дека пристапувањето на земјава кон ЕУ „нема да се случи ниту на сон“.

„Денеска јас ќе говорам како Македонка, бидејќи сум горда Македонка, вистинска, а не лажна како резидентите во Скопје. Се срамат да кажат она што се. Дојдовме до точка каде што честа на Македонија и Грција ја бранат Бугарите. Нивната реакција е исправна бидејќи тие знаат дека моменталниот јазик во Скопје е бугарски дијалект и нивната националност е бугарска. Ако сакате мир и добри односи на Балканот, историјата мора да се обнови инаку пристапот кон ЕУ нема да се случи во нивните соништа. Македонија е една и таа е грчка“, рече меѓу другото Латинопули во своето обраќање.

Гласањето во ЕП за Извештајот за Македонија се очекува денеска на пладне.

Слични содржини