Би-Би-Си: Инстаграм неправедно обвинува некои корисници за прекршување на правилото за малтретирање деца

Повеќе од 27 000 луѓе досега потпишале петиција со која го обвинуваат модераторскиот механизам на Мета, управуван од вештачка интелигенција,

од desk2
8 прегледи

Инстаграм-корисници го доживеале „екстремниот стрес“ да дочекаат нивните профили да бидат избришани, откако биле неправедно обвинети од социјалната мрежа дека ги прекршиле нејзините правила за сексуално малтретирање деца. Всушност, станува збор за модераторскиот механизам на Инстаграм, управуван од вештачка интелигенција (ВИ).

До Би-Би-Си се обратиле повеќе од 100 корисници чии профили биле трајно блокирани кои од „Мета“, компанијата-мајка на Инстаграм. Како што сите тврделе, тоа било направено целосно неосновано. Но на тројца од корисниците, откако се обратиле на новинарите на Би-Би-Си, а овие контактирале со социјалната мрежа, профилите им биле повторно активирани.

„Загубив неброени часови сон, се чувствував изолиран. Беше грозно, а да не зборувам за такво обвинување упатено кон мене!“, за Би-Би-Си изјавил еден маж што бил блокиран.

Со тврдења дека биле неправедно блокирани од „Мета“, повеќе од 100 луѓе се обратиле во Би-Би-Си. Некои од нив велеле дека имале парични загуби, бидејќи ги загубиле нивните бизнис-станици, додека други се жалеле на болката од тоа да загубиш достап до фотографии и спомени насобирани со години.

Повеќе од 27 000 луѓе досега потпишале петиција со која го обвинуваат модераторскиот механизам на Мета, управуван од вештачка интелигенција, за неправедно блокирање профили, по што мора да се мине процес на жалба што е неодговарачки за конкретните случаи.

„Мета“ претходно призна за таков проблем со групите на Фејсбук, но негираше дека нејзините платформи се значително повлијаени.

Слични содржини