Русија напредува на три фронта

од desk2
9 прегледи

Продолжија руските постојани напади на воздушниот фраон, со беспилотни летала и ракети врз украинските градови, при што нападите само се интензивираат, јави index.hr.

Според податоците од украинската платформа DeepState, којашто ги следи состојбите врз основа на „отворените„ извори, руските сили зазеле 556 квадратни километри, што е најголемото постигаиње оваа година. Станува збор за подрачје што речиси одговара на градот Чикаго во САД.

Москва работи на тоа да ги прекине правците на снабдување на украинските сили на Исток и да создаде тампон-зона на северните граници.

И покрај секојдневните напади, руското напредување е бавно – со ова темпо ќе има требаат 70 години за да ја освојат Украина, коментираа некои западни медиуми.

Најголемиот дел од руските операции сега се концентрирани на три клучни правца – североисточната Сумска област на границата со Русија; градовите Покровски и Константињивка на истокот; како и подрачјето западно од Покровск.

Владимир Путин, претседателот на Русија, вели дека сака да создаде сигурносен појас поради заштита на „руската територија“.

Слични содржини