Роботската хирургија доживеа историски момент. Првпат робот самостојно извел операција на жолчка слушајќи ги и реагирајќи на гласовните наредби на хирурд. Роботот го извел зафатот откако бил обучуван на снимки на вистински зафати.
„Ова постигање претставува огромен исчекор во однос на досегашните обиди, бидејќи решава некои од основните препреки за користење на автономните хируршки роботи во реалниот свет, вели Сји Вунг Ким, главниот автор на студијата.or
Да се научи роботот да изврши основен хируршки зафат со десетици чекори е голем предизвик. Не е доволно само да се знае кој зафат ќе го преземе роботот, вклучувајќи ги и клучните предупредувања, на пример, каде не смее да се постави скалпелот. Најтешкиот дел од тоа е сите информации да се пренесат во програмскиот код.
„Токму тоа е она што целиот процес го прави неверојатно сложен. Како тоа воопшто да се запише? Како да се претвори во код?, се прашува д-р Матиас Унбератс, вонреден професор на Универзитетот Џонс Хопкинс.
„Можам ли да научам што треба да правам проучувајќи го човекот? Ако одговорот е да , работите стануваат значително поедноставни“, вели Унберат.
Тој пристап се нарекува имитирање, а токму тој е темелот на најновото истражување.
Тимот на професорот Аксел Кригер од универзитетот Џонс Хопкинс почнал обука на системот користејќи видеосними од процесот на отстранување жолчно кесе кое човечки хирурзи го правеле на свински мртви тела.
Т