Полициски станици Бит Пазар и Чаир ќе се преименуваат

од Milan1
36 прегледи

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на собраниската Комисија за одбрана и безбедност, најави отворање на две полициски станици – Сарај и Илинден.

Воедно, тој посочи дека постојните полициски станици Бит Пазар и Чаир ќе се преименуваат, односно Битпазар ќе биде ПС Чаир, а сегашната Чаир која е во Бутел ќе биде ПС Бутел.

Тошковски денеска во законодавниот дом го образложуваше Предлог законот за внатрешни работи, како и измените и дополнувањата на законот за полиција.

Слични содржини