Биткоинот постигна нов ценовен рекод

Биткоинот во последниве месеци се продава за околу 100 000 американски долари, оти инвеститорите и понатаму се оптимисти во поглед на крипто-политиките на Трамп.

од desk2
12 прегледи

Биткоинот денеска досегна рекордна вредност, како резултат на побарувачката од институциските вложувачи и крипто-политиките на администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп.

Најголемата светска криптовалута достигна цена од 118 000 долари, а со тоа годинашниот раст на вредноста на Биткоинот надмина 26%.

„Новиот рекорд на Биткоин е резултат на непрекинатата институционална акумулација – големите играчи ги купуваат достапните залихи и ја исцрпуваат ликвидноста на берзите“, вели Џошуа Шу, копретседател на хонконшката задруга Web3.

Во март претседателот на САД, Доналд Трамп, потпиша извршна уредба со која се воспоставуваат стратешки резерви на криптовалути. Исто така, назначи и неколку лица наклонети кон криптовалутите, вклучувајќи го Пол Еткинс, претседателот на Комисијата за хартии од вредност и берзи (SEC) и „царот за вештачка интелигенција во Белата куќа, Дејвид Сакс. Семејните фирми на Трамп исто така влегова во светот на криптовалутите.

Етереум, втората најголема криптовалута на светот порасна за речиси 5%, на 2 056,82 долари. Малку претходно, оваа криптовалута ја постигна најголемата вредност во последните пет месеци, искачувајќи се на околу 3 000 долари.

Биткоинот во последниве месеци се продава за околу 100 000 американски долари, оти инвеститорите и понатаму се оптимисти во поглед на крипто-политиките на Трамп.

Слични содржини