Во првиот ден на „Егзит“ фатени 50 возачи под дејство на алкохол или психоактивни супстанци

од desk2
12 прегледи

Полицијата во Нови Сад вчера, на првиот ден на фестивалот Егзит, контролирала вкупно 1 200 возачи и открила 78 прекршоци.

Притоа се откриени и 42 возачи што управувале со возилата под дејство на алкохол и шест возачи што возеле под дејство на психоактивни супстанци.

Истовремено, откриени се и седум возачи со пробна возачка дозвола, што возеле во периодот меѓу 23 и 6 часот.