8
Парижаните ќе бидат значително ослабени во финалето на Светското клупско првенство помеѓу ПСЖ и Челси, кое ќе се игра во недела на стадионот „Мет Лајф“ во Њујорк.
Луис Енрике не може да смета на дефанзивците Вилијан Пачо и Лукас Ернандез.
И двајцата добија директни црвени картони во четвртфиналето против Баерн, поради сериозни прекршоци, а веќе го пропуштија полуфиналето против Реал Мадрид, кое ПСЖ го доби убедливо со 4-0. Клубот се надеваше дека суспензиите ќе бидат намалени, но казните останаа на сила.
Ова значи дека Луис Енрике ќе мора да најде нови решенија во одбраната за најважниот натпревар на турнирот.
Првото финале на Светското клупско првенство ветува дека ќе биде одличен спектакл.