По паузата, во Србија од денеска повторно протести против власта

Во Белград ќе се протестира на крстосницата Автокоманда со почеток во 20.30 и заеднички ќе се побара распишување вонредни избори во Србија

од desk2
13 прегледи

По неколкуте дена во коишто речиси и да не се одржуваа протести или собири во Србија, вечерва повторно граѓаните ќе излезат на улиците за да протестираат и да бараат смена на власта, јави телевизијата Н1.

Во Белград ќе се протестира на крстосницата Автокоманда со почеток во 20.30 и заеднички ќе се побара распишување вонредни избори во Србија, најавија организаторите „Степ“.

„Застанавме да помогнеме и секогаш би го правеле тоа. Знаеме што значи солидарност. Знаеме што значи борба за вистината и правдата. Се враќаме уште порешителни, сложни против репресијата, за слободни избори“, напишаа на социјалната мрежа Х.

Слични содржини