ДУИ најостро го осудува нападот врз Арсовска: Toa e напад врз демократскиот поредок и функционирањето на правната држава

од Milan1
22 прегледи

Демократската унија за интеграција најостро го осудува денешниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, кој се случил за време на извршувањето на нејзините службени обврски на територијата на Општина Чаир.

„Актите на насилство, вербалните напади и обидите за попречување на институционалните претставници во извршувањето на нивните обврски претставуваат директен напад врз демократскиот поредок и функционирањето на правната држава. Независно од политичката припадност или институционалната функција, ниту еден функционер не смее да биде предмет на јавен линч или физичка и вербална агресија“, велат од Демократската унија за интеграција.

ДУИ го смета овој чин за срамен и неприфатлив и апелира до надлежните органи веднаш да реагираат, да ги идентификуваат и санкционираат сторителите согласно законот.

„Демократската унија за интеграција ќе продолжи да го брани уставниот поредок, интегритетот на институциите и демократската соживот во земјата“, се додава во соопштението.

Слични содржини