Обвинителство изврши увид во куќата каде едно лице уби татко и син, а потоа се самоуби

од Vladimir Zorba
28 прегледи

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп извршил увид на лице место во куќа во центарот на Прилеп каде биле пронајдени безживотните тела на 11-годишно дете и двајца мажи на возраст од 43 и 63 години.

-Според првичните сознанија, 63-годишникот најпрво го лишил од живот својот внук од сестра и неговиот син, поради семејни недоразбирања и нерасчистени имотни прашања. По извршување на делото, мотивите за стореното ги објавил и на една социјална мрежа, а потоа се самоубил, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.

Јавниот обвинител издал наредба за обдукција на починатите, како и за прибирање на сите траги, оружје и муниција пронајдени на лице место кои ќе бидат предмет на вештачење.

Слични содржини