Кривичен ќе одлучува по жалбата на ЈО куќниот притвор за напаѓачот на Арсовска да го преиначи во затворски

од Nikola Popovski
17 прегледи

Кривичниот суд денеска ќе одлучува по жалбата на Јавното обвинителство да му се определи куќен притвор за напаѓачот на скопската градоначалничка Арсовска, со барање да се преиначи во затворски. Обвинителството смета дека постои опасност осомничениот да го повтори делото или да се даде во бегство. Од судот пак во одлуката образложија дека мерката е куќен притвор поради тоа што се работи за скратена постапка.

За инцидентот во Чаир, осомничено е уште едно лице, на кого му беа одредени мерки за претпазливост. Арсовска е под 24-часовно полициско обезбедување. Инцидентот со Арсовска во Чаир се случи кога таа заедно со вработени од градската администрација била во увид на објект кој нелегално се гради.

Според Обвинителството, првоосомничениот, кој се претставил како сопственик на нелегален објект во градба, ја навредувал и и се заканувал на градоначалничката, а потоа и физички ја нападнал додека таа, заедно со вработени од градските служби, вршела вонреден надзор на терен по добиена пријава.

За второосомничениот во истиот случај, судот ги прифати предложените мерки на претпазливост. Овие мерки вклучуваат забрана за приближување и за контакт со градоначалничката. Исто така, и забрана за напуштање на живеалиштето, одземање на патната исправа и редовно јавување во судот.

Од Град Скопје преку соопштение известија дека и покрај увидот и поднесената пријава, продолжиле градежните активности.

Слични содржини