„Ја номинирав Јулија Свириденко за премиерка на Украина. Со радост го чекам претставувањето на планот за работа на новата влада во блиска иднина“, напиша претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска, потврдувајќи ги минатонеделните гласини за брза реконструкција на владата на Денис Шмихал.
Според уставот на Украина, Владата ја назначува Парламентот, што значи дека првин Шмихал мора да поднесе оставка во парламентот, по што Свириденко би побарала – и би добила – владин мандат. Постапката во Врховната Рада мора да заврши за 30 дена.
Со оглед на тоа дека Слога на народот, партијата на Зеленски има мнозинство во парламентот, тоа би можело да се случи и оваа седмица.
Како што пишуваше „Кијив Индепендент“, гласините за смена на Шмихал – најдолговечниот премиер во историјата на земјата – кружат уште од минатото лето. Наводно Зеленски и Андриј Јермак, шеф на кабинетот на украинскиот претседател и сива еминенција на официјален Киев, сметале дека владата на Шмихал станала многу тромава и недоволно ефикасна во исполнувањето на клучните реформи.