Закерберг: „Мета“ ќе инвестира стотици милијарди долари во градење суперинтелигенција

од Vladimir Zorba
12 прегледи

Извршниот директор на „Мета“, Марк Закерберг, денес објави дека ќе инвестира стотици милијарди долари во компјутери за да изгради суперинтелигенција.

Според него, „Мета“ има капитал од своето работење за таква инвестиција, објави Ројтерс.

„Нашите планови за суперинтелигенција се фокусирани на градење на најелитниот и најталентиран тим во индустријата“, рече Закерберг.