Грозоморни нешта кажани на погреб на израелски војник: Се фалеше колку куќи срушил, колку Арапи нема да се вратат во Газа

Нема место таму за злото што пука во најдобриот човек на светот. Само место за живот, за радост, за еврејските семејства што ја сакаат оваа земја, вели неговата сопруга.

од desk2
16 прегледи

Израелскиот војник Абрахам Азулај загинал во борби во Појасот Газа, а на неговиот погреб се одржани низа, во најмала рака земено, бизарни говори во кои се вадат на површината грозоморни нешта – како Абрахам се фалел со своето учество во уништувањето во Газа, а жена му ветува дека нивната фарма ќе ја создаде на територијата на освоената Газа.

Со солзи, неговата жена Рут обелодени дека со секое враќање дома (Азулаеви живеат во еврејските доселенички населби, што меѓународното право не ги признава), Абрахам се фалел колку куќи уништил и колку е близу крајот на војната.

„Абрахам беше еден и единствен. Храбар и горд на својата мисија.
Секој ден се враќаше од Газа кажувајќи колку куќи уништил, колку близу бил до завршувањето на војната. Тој веруваше во тоа – длабоко.
И сега јас велам: Завршете ја веќе оваа војна. Освојте ја Газа. Нема место таму за злото што пука во најдобриот човек на светот. Само место за живот, за радост, за еврејските семејства што ја сакаат оваа земја.
Ти се бореше за тоа, а јас ти ветувам – ќе ја направиме нашата фарма таму, токму како што сонуваше“, рекла Рут.

Семејството живее во еврејска доселеничка населба во Западниот Брег.

Но и пријателите на Абрахам не биле помалку свирепи и крајни расисти.

„Нашиот народ има насекаде лузни од овој смрдлив Појас Газа. Премногу години носиме лузни од толку мало, смрдливо подрачје. Изведете ги сите оттаму, завршете ја оваа приказна веќе еднаш и вратете ја верата во луѓето и власта. Ако Арапите продолжат да живеат во „денот потоа“ – пропаднавте“, рекол еден од пријателите.

Друг пријател раскажал дека секојпат кога Абрахам ќе се врател од Појасот Газа, велел: „Уште 200 Арапи нема да се вратат во Газа, уште 500, уште 1.000“, велејќи дека покојникот бил „горд на тоа што го работел секој ден“.

„Никогаш нема да те заборавиме, ниту да простиме. Да се осветиме во твое име!“, рекол друг пријател.

Инаку, се смета дека во беспоштедната инвазија и воена операција на Израел во Газа во последниве речиси две години загинале најмалку 50.000 луѓе. Израел исто така не дозволува дистрибуција на хуманитарна помош од ОН и хуманитарни организации, признавајќи ја само многу контроверзната „Хуманитарна фондација за Газа“.

 

Слични содржини