Џон Тун, координаторот на мнозинството во Сенатот – Горниот дом на Конгресот на САД – навести дека воведувањето нови санкции за Русија изгледа нема да биде толку едноставно. Тој рече дека нема да го поддржи предлогот-законот на сенаторите Линдзи Греам и Ричард Блументал за санкции за Русија ако одлука не донесе претседателот на САД, Доналд Трамп.
Сенаторот Тун, како претседавач на републиканското мнозинство во Сенатот, има клучна улога во одредувањето на дневниот ред, што е клучно за усвојувањето на најавените економски санкции за Русија.
Трамп, пак, вчера се закани и со нова економска мерка за Русија – царини од 100% – ако во рок од 50 дена не дојде до прекин на огнот за прекин на војната во Украина.
„Звучи како претседателот да ќе се обиде во овој момент нешто од тоа да го направи самиот. Ако во некој момент претседателот заклучи дека тоа има смисла и додава вредност и влијание што му се потребни во тие преговори за да „тргне“ предлог-законот, тогаш ќе го направиме тоа. Ќе бидемем спремни“, рече Туне.
Тој не смета дека изјавата на Трамп за воведувањето санкции за Русија значи оти Сенатот мора да го усвои предлог-законот Греам-Блументал.
Трговската размена САД-Русија нагло опадна во последните години, поради инвазијата на Украина. Од 53 милијарди трговска размена САД-Русија, односно извос од САД, во 2021 година, лани таа изнесувале 5,5 милијарди долари, што е резултат и на санкциите што ги наметна администрацијата на Бајден и Конгресот.
Во поглед на увозот, лани САД увезле стоки од Русија во вредност од само 2,5 милијарди долари, во споредба со 23,3 милијарди долари во 2021 година. Најголемиот дел од падот може да се припише на американските санкции за увоз на руска нафата, која порано беше 60% од вкупниот увоз од Русија во САД.