„Македонски железници како лотарија – не се знае дали ќе стигнеш“: Студенти останале заглавени на станицата во Велес

Студенти останаа заглавени во воз кај Велес

од Nikola Popovski
45 прегледи

Група студенти вчеравечер останале заглавени на железничката станица во Велес, откако патничкиот воз на релација Скопје–Битола, кој тргнал во 20:05 часот, застанал во Велес во 21:50 и не продолжил понатаму, објави Инстаграм профилот „studentarijamk“.

Според нивните информации, патниците биле оставени без известување, додека возот наводно чекал композиција од спротивен правец, при што се очекувало патниците да се префрлат од еден воз во друг.

Присутни патници реагираат дека немало навремени информации или официјално објаснување за причината на прекинот, што предизвикало дополнителна конфузија и негодување меѓу патниците.

„Македонските железници се претворени во лотарија – не се знае дали ќе стигнеш, дали ќе заглавиш, дали некој ќе те извести…“, се само дел од коментарите за трагичната ситуација со железничкиот сообраќај во Македонија.

Слични содржини