Две жени загинаа, 8 луѓе ранети во израелски напад на единствената католичка црква во Газа

Гневно реагираше италијанската премиерка Џорџија Мелони. Нападот го потврди и Ерусалимскиот латински егзархат.

од desk2
18 прегледи

Единствената католичка црква во Појасот Газа утрово беше цел на израелски напади, при што две жени ги загубија животите, а уште 8 лица се ранети, соопштија лекарите од болницата „Ал Ахли“ од градот Газа.

Гневно реагираше италијанската премиерка Џорџија Мелони. Нападот го потврди и Ерусалимскиот латински егзархат.

Според светските новински агенции, во нападот на црквата „Светото Семејство“ освен загинатите, уште четири лица задобиле потешки повреди, а други четири – полесни повреди.

Од објавеното на социјалната мрежа Х, се гледа дека недостига дел од покривот на црквата. Свештеникот, фра Габриел Романели е полесно ранет во ногата.

Од 7 октомври 2023 година, црквата пружила покрив над главата на стотици прогонети, гладни и жедни Палестинци.

Италијанската премиерка Џорџија Мелони реагираше остро на нападот, напаѓајќи го Израел.

„Израелските напади на Газа ја погодија Црквата на Светото Семејство. Нападите на цивилното население што Израел ги врши со месеци се неприфатливи. Ниедна војна акција не може да го оправдува таковото однесување“, напиша Џорџија Мелони на Х.

 

Слични содржини