(ВИДЕО) Гори црквата во село Мршевци

од Milan1
100 прегледи

Денес попладне во близина на скопското село Мршевци, Општина Илинден изби силен пожар, кој поради ветерот брзо се прошири на околината, информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.  Од пожарот е зафатена црквата во селото. Локалното население апелира за помош.

„Поради густиот чад, автопатот Скопје-Куманово имаше намалена видливост и дојде до сообраќајна несреќа поради што патот се уште е затворен. Поради силниот ветер „ер тракторите“ и хеликоптерите на полицијата и АРМ кои се во непосредна близина но не можат да полетаат“, изјави Ангелов.

Како што појасни, на местото на настанот се скопската противпожарна бригада со поддршка на ресурси од касарната „Ѓорче Петров“ и од Кавадрци, како и „БТР“ и „Хермелини“ на ДЗС.

Локалното население е излезено на терен за да си ги одбрани своите домови од пламените јазици, а присутна е и тешка механизација со која се прават противпожарни препреки за да се заштитат околните објекти.

„Според информациите со кои располагам, за жал, на црквата во близина на Мршевци делумно е зафатен покривот, а други штети се уште не се пријавени.

Во моментот кога ветерот ќе намали, ќе полетат ер тракторите на дирекцијата и на армијата“, изјави Ангелов.