МВР: Пуштен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик

од Milan1
37 прегледи

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.

Поради пожар кој настана попладнево, затворен за сообраќај беше автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци, а возилата се пренасочуваа кон Петровец.