5
Иако нивната првична понуда за крилниот напаѓач Адемола Лукман (27) беше одбиена, раководството на Интер ќе продолжи со преговорите со Аталанта за трансфер на нигерискиот интернационалец, кој се истакна минатата сезона, објавија италијанските медиуми.
„Нероазурите“ понудија 40 милиони евра за Лукман, но клубот од Бергамо категорично ја одби. Аталанта бара 50 милиони евра за Нигериецот роден во Лондон, иако го доведоа од Лајпциг пред три години за пет пати помалку.
Италијанските медиуми проценуваат дека новата понуда на Интер ќе биде 45 милиони евра, плус уште пет милиони во бонуси. Лукман постигна 20 гола минатата сезона и додаде седум асистенции.