Пиштол и 51 куршум пронајдени кај 23-годишен скопјанец

од Milan1
12 прегледи

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истражна постапка против 23-годишен скопјанец, осомничен за неовластено поседување и тргување со оружје, соопштија од Обвинителството.

По наредба на јавен обвинител и со судска одлука, вчера е извршен претрес во неговиот дом во Скопје. Полициските службеници при акцијата пронашле еден полуавтоматски пиштол, 51 куршум со калибар 9мм Para, рамки и други додатоци за оружјето, кое осомничениот го поседувал без дозвола.

Обвинителството утрово достави предлог до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје за определување мерка притвор, поради опасност од бегство и можност за повторување на делото.

Против осомничениот се води постапка за кривично дело „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, по член 396 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик