23
Граѓанската иницијатива и советничка група во Општина Центар, „Шанса за Центар“ обвинува за градежен хаос во Дебар Маало. Замеруваат дека во земјава и речиси да не може да се смени ДУП.
Оттаму реагираат на тековна градба во близина на градинка.
-Вака се гради во Дебар Маало! Без усул ни за соседското право, или безбедноста, спокојот на жителите или на децата од градинката. Ова е сѐ за што локалните власти управувани од партиите викаат дека е по дозвола, по план од 2012, одобрено од инспектори и служби. Вака изгледа кога после 15 год се спроведуваат погрешни планови. И да се потсетиме: Устав се менува, ама ДУП никако, стои во објавата на „Шанса за Центар“.