Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денес на пладне во рамите на работната посета на Атина ќе се сретне со неговиот колега, шефот на грчката дипломатија, Јоргос Герапeтритис.
Како што информираат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, во фокусот на разговорите ќе бидат идните активности за зајакнување на односите и соработката меѓу двете земји, а акцент ќе се стави на економската и енергетската соработка, како и инфраструктурното поврзување.
-Во фокусот на разговорите се очекува да бидат идните активности за зајакнување на односите и соработката меѓу двете земји, со акцент на економската и енергетската соработка и инфраструктурното поврзување. Европската интеграција на регионот, како и актуелните геополитички случувања, исто така ќе бидат дел од темите за кои ќе се разговара, водени од заедничкиот интерес за зајакнување на регионалната стабилност и просперитет на двете земји како непосредни соседи и НАТО-сојузници, соопштија од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во пресрет на средбата.
По средбата меѓу двајцата министри, во 14 часот е предвидена изјава за медиумите.
Герапетритис и Муцунски во Грција се сретнаа и на почетокот на април годинава на маргините на Економскиот форум во Делфи.