Чеченскиот претседател Кадиров за малку ќе се удавел во Бодрум

Инцидентот се случил вчера попладне. Рамзан Кадиров отседнал во хотел со пет ѕвездички во бодрумската населба Кајнар.

од desk2
16 прегледи

Претседателот на Чеченија, Рамзан Кадиров, почнал да се дави во Егејско Море кај Бодрум, но за среќа бил спасен, јавија турските медиуми.

Инцидентот се случил вчера попладне. Рамзан Кадиров отседнал во хотел со пет ѕвездички во бодрумската населба Кајнар.

Кога влегол вчера попладне во водата, почнал да се дави. Први што се случува забележале вработените во хотелот, коишто повикале Брза помош и Крајбрежна заштита.

По интервенцијата, Кадиров бил пренесен во приватна болница. Лекарите велат дека состојбата му е стабилна и нема опасност за неговиот живот, а за кратко време бил испишан од болницата.

Кадиров, познат како голем поддржувач на рускиот претседател Владимир Путин и на руската инвазија во Украина и на војната таму, во последните неколку месеци е тема на шпекулации за неговото, наводно лошо, здравје.

Слични содржини