Лидерот на Српската напредна странка (СНС) и поранешен премиер на Србија Милош Вучевиќ, денеска бил во посета на Охрид каде се сретнал со премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
За средбата, Вучевиќ информираше преку социјалните мрежи каде објави заедничко видео со Мицкоски во кое двајцата ги истакнаа своите впечатоци од разговорите.
„Сакам да му се заблагодарам на претседателот на Владата и лидер на најголема македонска партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за гостопримството, братството и прекрасното време што го поминавме заедно во историскиот град Охрид, седиште на македонската култура и би рекол на сите христијански и православни култури. Разговараме за тоа да ја подобриме и зајакнеме соработката меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СНС и секако разговараме за српско-македонските односи и вкупните односи на Западен Балкан. Ќе го чуваме нашето пријателство почитувајќи ги двете држави и двата народа, помагајќи си и никогаш не работејќи едни против други“, истакна Вучевиќ.
Дивно радно суботње поподне у Охриду pic.twitter.com/FaKdtCCOZw
— Милош Вучевић (@milos_vucevic) July 26, 2025