5
Најмалку четири лица загинаа, а 34 се повредени, од кои тројца се во многу тешка состојба, во железничка несреќа што се случи денес во германската сојузна покраина Баден-Виртемберг, објави германската полиција.
За несреќата се огласи и германскиот канцелар Фридрих Мерц, изразувајќи шок од трагедијата во објава на социјалната мрежа X.
„Во близок контакт сум со министерот за внатрешни работи и министерот за транспорт и ги замолив да ги поддржат службите за спасување со сите средства што им се на располагање“, рече Мерц, изразувајќи сочувство до семејствата на жртвите.