Ќе се точат поевтини горива од полноќ

од Nikola Popovski
35 прегледи

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,32% во однос на одлуката од 21 јули.

Од 29 јули од 0:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

-моторен бензин Еуросупер БС-95 – 74,00 (ден/л)

-моторен бензин Еуросупер БС-98 – 76,00 (ден/л)

-дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) – 70,50 (ден/л)

-масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 70,50 (ден/л)

-мазут М-1 НС – 39,412 (ден/кг)

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, како и на Еуродизел (Д-Е V) се намалуваат за 1,00 денари/литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 денари/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,746 денари/килограм и сега ќе изнесува 39,412 ден/кг.