Околу 35 шумски пожари и натаму беснеат во Косово, денеска, а во нивното гаснење е вклучена и Мисијата на НАТО во Косово (КФОР) со американска воена авијација. Тие помагаат на Агенцијата за управување со вонредни ситуации на Косово (AME).
На Косово вчера до 20 часот биле пријавени 80 пожари. Претпладнево, 45 од нив беа локализирани, а 35 активни. Најтешка е ситуацијата во општината Клина.
Силите на КФОР во текот на два часа извршиле 18 налети на испуштање вода, со вкупно количество од 43.500 литри вода во погодените подрачја. Во акцијата учествувале два тима со два хеликоптера Блек Хок.

Фотографија: KFOR – 28 јули 2025