Lamborghini ги менува плановите за презентацијата на првиот електричен модел

Според најновите информации од Сант Агата Болоњезе, се чини дека претходно најавениот модел Lanzador, кој требаше да биде првиот електричен Lamborghini, сепак ќе биде напојуван од plug-in хибриден погонски склоп

од Vladimir Zorba
9 прегледи

Уште во декември минатата година, Lamborghini објави дека презентацијата на производствената верзија на електричниот модел Lanzador, кој требаше да пристигне на сцената во 2028 година, е одложена за 2029 година. Причината? Слаба побарувачка за електрични автомобили со високи перформанси.

Половина година подоцна, шефот на познатата италијанска автомобилска компанија Стефан Винкелман откри за медиумите дека Lanzador (чија концепт верзија беше претставена во 2023 година) можеби не е првиот електричен Lamborghini, бидејќи сите анализи покажаа дека би бил многу поинтересен за клиентите во комбинација со соодветен хибриден погонски склоп во кој моторот со внатрешно согорување би играл поголема улога.

Можеби водени од филозофијата на Ferrari, во која велат дека немаат намера да произведуваат автомобили напојувани само со електрични мотори, Lamborghini ги оправдува своите нови планови за хибридниот Lanzador и со пазарниот успех во голема мера постигнат од претходно презентираниот редизајниран хибриден Urus, чиј 4-литарски битурбо V8 мотор во комбинација со електричен мотор произведува 800 коњски сили и 950 Nm максимален вртежен момент.

„Конечната одлука сè уште не е донесена, но како што стојат работите сега, ние сме поблиску до хибрид отколку до електричен Lanzador, што во секој случај подобро се вклопува во филозофијата на Lamborghini. Нема потреба да бидеме меѓу првите на патот кон најавената електрификација, но ќе имаме што да понудиме, ако клиентите сакаат електрично Lamborghini. Дотогаш, или додека можеме, немаме намера да се откажеме од моторот со внатрешно согорување, кој е една од клучните алки во нашите автомобили. Максималната брзина и забрзувањето не се ништо ако нема емоции во приказната“, рече Винкелман.

Не сме изненадени…