Огнот се ближи до куќите на радовишкото село Злеово

од Milan1
457 прегледи

Пожарот се приближил до куќите на селото Злеово радовишко и постои реална опасност по имотот и безбедноста на жителите, соопштија преку Фејсбук жители на селото.

„ВОНРЕДНА СОСТОЈБА Пожарот станува сè посериозен и е сè поблиску до селото. Апелираме до сите што можат и сакаат да помогнат – да дојдат веднаш!“, се вели во објавата на фудбалскиот клуб Слога од селото.

Жителите организирано се обидуваат да го спречат ширењето на огнената стихија, но тие ги повикаа сите институции, пожарникарите, но и доброволци од околните места да се вклучат во одбраната на селото од пожарот.

Слични содржини