Најновите истражувања покажуваат дека редовното консумирање свежо цеден сок од портокал може значително да го намали ризикот од срцеви заболувања, вклучувајќи инфаркт и мозочен удар.
Свежо цедениот сок од портокал одамна важи за еден од најосвежувачките летни напитoци, но неговата корист за здравјето е многу значајна.
Студијата објавена во 2023 година во едно научно списание следела 129 лица во текот на една година, а резултатите покажале дека лицата кои секојдневно пиеле по две чаши природен сок од портокал бележеле значително намалување на лошиот холестерол и подобра регулација на крвниот притисок.
Овие наоди ги потврдуваат и претходните истражувања од 2021 година, кои укажале на позитивно влијание на сокот врз кардиоваскуларното здравје.
За најдобри резултати, се препорачува сокот да се консумира свежо цеден, без додаден шеќер, двапати дневно – идеално наутро и навечер.
Овој едноставен, природен напиток може да стане важен дел од секојдневната грижа за здравјето на срцето, особено во летните месеци кога свежината од портокалот е лесно достапна и пријатна за уживање.