Словенечката Управа за заштита и спасување објави фотографии од силите составени од пожарникари кои Словенија ги испраќа како поддршка и помош на Македонија во справувањето со големиот број пожари на отворен простор.
Во објавата на социјалните мрежи се наведува дека Словенија испраќа вкупно над 60 луѓе, кои доаѓаат со 18 возила, од кои 11 се противпожарни.