📸Бред Пит снимаше со нова фризура: На снимањето на новиот филм покажа руса коса и мустаќи

од Весна Петровска
31 прегледи

Бред Пит е уловен на снимањето на новиот филм „The Adventures of Cliff Booth“, кој претставува продолжение на хитот на Тарантино од 2019 година – „Once Upon a Time in Hollywood“, но овојпат приказната ја режира Дејвид Финчер. Особено внимание привлече изгледот на Бред – со плава коса и мустаќи.

Сценариото за овој проект го напиша Квентин Тарантино, а дејството се одвива осум години по настаните од оригиналниот филм, односно во 1977 година.

Снимањето неодамна започна во Калифорнија, а првите фотографии од Пит на сетот се појавија на социјалните мрежи, давајќи им на фановите прв поглед на новото поглавје од животот на Клиф Бут.

Во алтернативно-историската драма на Тарантино од 2019 година, која се фокусираше на „семејството“ Менсон и Шерон Тејт, Пит го толкуваше ликот на каскадерот Клиф Бут, заедно со Леонардо ДиКаприо (во улога на актерот Рик Далтон) и Марго Роби (како Шерон Тејт).

Иако сè уште не е потврдено враќањето на ДиКаприо како Рик Далтон, уште во април 2025 беше објавено дека се водат преговори за негово учество.

Бред Пит веќе беше ангажиран да ја репризира својата улога за која доби Оскар, а новиот филм носи и свежи ликови. Во актерската екипа се и Скот Кан, Елизабет Дебики, Јаха Абдул-Матин II, Карла Гуџино, Холт Мекалани, Џеј Би Тадена и Кори Фогелманис.

За новата улога, Пит додаде долги, плава прамени и пушти мустаќи – изглед што значително се разликува од неговиот претходен имиџ, поврзан со ликот кој го играше во филмот „F1“.