Лажна баклава, готова за 30 минути

од Весна Петровска
26 прегледи

Вкусна лажна баклава која мора да ја направите за вашите најмили.

Состојки:

4 јајца
2 чаши (од 2 дл) шеќер
1 чаша масло
1 чаша млеко
1 чаша гриз
1 чаша брашно
2 чаши мелени ореви

Подготовка:

1. Изматете ги јајцата со шеќер додека не добиете пенаста смеса, а потоа додадете ги останатите состојки.

2. Истурете ја смесата во намастен плех и печете околу половина час.

3. Прелијте го топлиот колач со прелив од зовриена вода и шеќер (гответе додека шеќерот не се растопи) и наросете со мелени ореви.