Три состојки од кујната – и мувите се минато

од Весна Петровска
33 прегледи

Летните горештини носат отворени прозорци и свеж воздух, но и досадни муви кои навлегуваат во домот и не планираат да си заминат. Наместо да користите хемикалии, постои трик кој  е толку едноставен што ќе се запрашате зошто не сте го пробале порано.

Три состојки од кујната – и мувите се минато

За оваа домашна замка потребни се свеж сок од лимон, алкохолен оцет и маслиново масло. Измешајте еднакви количини во стаклена тегла или чаша – мирисот на оваа мешавина ги привлекува мувите како магнет.

Фолија како тајно оружје

Преку отворот на теглата затегнете со проѕирна фолија и прободете неколку мали дупчиња. Мувите ќе влезат, но нема да можат да излезат – маслото ги заробува и спречува да полетаат повторно.

Каде да ја поставите замката за максимален ефект

Најефикасно е да ја поставите до канта за ѓубре, на кујнскиот пулт, блиску до овошје или на прозорската даска. Ако имате тераса или балкон, слободно ставете ја и надвор.

Одржување без мака

Замката не остава непријатни мириси ниту траги од хемикалии. Кога ќе забележите дека е полна или дека веќе не привлекува муви, едноставно направете нова мешавина. Секогаш мешајте свежи состојки – така ќе остане хомогена и ефикасна.