Од традиционални специјалитети до модерни парчиња, кетерингот во Македонија се претвори во бизнис кој носи сериозни приходи

„Локално“ разговараше со Мирче Спасовски, професионален готвач кој 18 години од својот живот го посветил на храната, работел во многу познати ресторани како кај нас така и надвор од нашата држава. Тој ни откри што е потребно да за да се успее во овој бизнис.

од Весна Петровска
525 прегледи

Да бидеш сам свој газда е одговорно и напорно, во море на многу бизниси тешко е да бидеш различен во тоа што го правиш. Бизнисот со кетеринг е се позастапен во Македонја, многумина се испробуваат на овој начин да дојдат до заработка. Ако во минатато ресторанот и кафеаната беше место каде што можевме да се нагледаме убави декорации на големите трпези, денес тоа можеме да го имаме и дома благодарение на оваа услуга.

Од модерни залчиња до традиционални специјалитети, кетерингот денес не е само услуга, туку вистинска уметност на вкусовите.

Кетеринг услугите стануваат сѐ попопуларен избор меѓу оние кои сакаат совршено организирана трпеза, без грижи околу готвењето и послужувањето.

„Локално“ разговараше со Мирче Спасовски, професионален готвач кој 18 години од својот живот го посветил на храната, работел во многу познати ресторани како кај нас така и надвор од нашата држава. Тој открива што е потребно да за да се успее во овој бизнис.

Мирче Спасовски

Мирче Спасовски

„Најважно е да се биде креативен, посветен и да се работи со љубов. Но клучниот фактор, без кој не може да се гради доверба кај клиентите, е квалитетната храна ,свежи намирници, добар вкус и балансирана понуда од традиционални до современи јадења. Кога клиентите ќе го препознаат вкусот и конзистентноста, тогаш успехот доаѓа сам по себе“, рече тој и додаде дека во овој бизнис клуч за успехот е добриот глас, но и промоцијата на социјалните мрежи каде многумина можат да видат како изгледа крајниот резулат на прославата.

„Денес, маркетингот на социјалните мрежи игра огромна улога, тоа е првиот контакт со публиката. Но, уште поважни се задоволните клиенти кои нѐ препорачуваат понатаму. Кога некој еднаш ќе проба, и ќе се увери во вкусот и квалитетот, тогаш препораката станува најсилниот начин на промоција.“, додава тој.

За разлика од минатото, денес граѓаните имаат голем избор на разноразни фирми кои ги нудат овие услиги , но како да дојде до издвојување во оваа гранка, нашиот соговорник вели дека работа има за сите, но за да се издвоиш на пазарот мора да има добар квалитет на храната, не само изглед.

„Секако дека декорациите и визуелната презентација се важни, прво „јаде“ окото, но би препорачал секогаш предност да му се даде на квалитетот на храната кои ние тоа го нудиме. Без свежо и вкусни подготвени даски, ни најубавиот изглед нема да го задржи клиентот.“, смета Спасовски.

За да биде оваа услуга успешна, важно е да се има искуство во кулинарството, но и не  секогаш тоа е пресудно. Голема улога има и менаџерскиот дел кој овој бизнис го прави да биде подостапен, поуспешен меѓу граѓаните.

„Кога станува збор за храна, улогата на готвачот е клучна. Но, успехот не го гради поединец, потребен е добар, организиран и креативен тим. Без силен тим, ни најталентираниот готвач не може да постигне се“, открива тој.

Во однос на тоа дали некогаш имал непријатна ситуација или некоја посебна желба од страна на клинетите и кој е најголемиот број на гости кои досега биле услужени, вели дека не можеда се сети на точна бројка, но дека имало навистина многу ангажмани.

-Најзафатен период е веднаш по велигденските пости, но во последно време кетерингот не е резервиран само за свадби и матурски, се работи за домашни слави, детски родендени, корпоративни настани… така што можам да кажам дека имаме работа цела година, открива тој и напоменува дека откако ја работи оваа угостителска гранка до сега не се соочил со некои големи грешки или непријатности: „Ретко се случуваат грешки бидејќи внимаваме и на најситниот детаљ. Нашата презентација говори самата за себе – клиентите кога ќе ја видат храната, досега никој не се пожалил. Понекогаш се случува клиентите да направат погрешна проценка за бројот на гости, но ние секогаш знаеме како професионално да ја извлечеме ситуацијата. Сериозни проблеми – немало.“

Бизнис во кој се вртат милиони евра

Кетерингот се претвори во профитабилен бизнис во Македонија, преку кој одредени компании запишуваат сериозни добивки, дотолку што по тој показател ги надминуваат и рестораните.

Информации од 2023 година велат дека Турската компанија БТА Македонија која го опслужува скопскиот аеродром лани од продажба на храна и услуги на аеродромот остварила приход од 4,8 милиони евра. Нејзината добивка изнесувала 588.000 евра, а таа компанија ангажирала 104 вработени истата година.

Приходите на „Парти Сервис Лео“ од Скопје во 2023 година изнесуваат 3,5 милиони евра, а добивката е 67.000 евра. Оваа компанија е најголем работодавач во оваа услужна индустрија, а таа година имала ангажирано 155 лица

Одличен резултат имала и скопската фирма Далма Фуд Кетеринг Сервис. Ова друштво во 2023 година остварило приходи од 3,3 милиони евра, а профитот на компанијата изнесувал 27.000 евра, според достапните информации.

В.П.

Слични содржини