ДЕН НА ЖАЛОСТ ПО УЖАСНИОТ РУСКИ НАПАД: Расте бројот на жртви во Киев

од Весна Петровска
39 прегледи

Бројот на загинати во рускиот напад на Киев, кој се случи во ноќта меѓу среда и четврток, се искачи на 31 лице, додека 159 лица се повредени, соопшти началникот на киевската воена управа, Тимур Ткаченко.

„Во текот на целата ноќ, а и сè уште, продолжуваат операциите за потрага и спасување. Во Свјатошинскиот округ и понатаму се извлекуваат телата на настраданите. Спасувачите штотуку извлекоа уште три лица,“ објави Ткаченко на Телеграм, пренесува Укринформ.

Според него, досега е потврдено дека 31 лице го загубило животот, додека, според податоците на Државната служба за вонредни ситуации на Украина, повредени се 159 лица.

Во знак на сеќавање на жртвите, 1 август во Киев е прогласен за Ден на жалост, пренесе Укринформ.

Нападот погодил 27 локации во четири округа на украинската престолнина, а меѓу погодените објекти имало станбени згради, училишта и болници.

Претседателот на Украина Володимир Зеленски вчера објави видео-снимка од запалени урнатини, нагласувајќи дека е причинета голема штета.