Времето во земјава утре ќе биде сончево, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.
Во Скопје времето ќе биде сончево, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.
Минималните температури ќе изнесуваат од 12 Целзиусови степени (Во Берово и Маврово) до 20 степени, а максималните дневни температури ќе бидат во распонот од 26 Целзиусови степени (Маврово) до 36 степени (Скопје и Велес).