Георгиевски за „Лајм“: „Југословенството“ или „Српството“ денеска е уште посилно од деведесеттите години

од desk2
39 прегледи

Љубчо Георгиевски, некогашниот македонски премиер, сегашен бизнисмен во градежништвото и други сектори,во мега-интервју за весникот „Лајм“ и „Лајм ТВ“ нагласува дека „југославизмот“ или „србизмот“ денеска, во Македонија, се посилни отколку во деведесеттите години.

„…Немаше желба изворна, автохтона, масовна да кажат македонците сакаме самостојна и независна Македонија…“ потенцира Георгиевски.

Прашан дали тоа било од страв или од убедување, Георгиевски вели дека е во прашање „југословенски“ сентимент.

„И од страв, и од југословенство. Како денес што сме, и тогаш бевме југословени… Дури што е најинтересно. Тогаш имаше структура која се организираше околу ВМРО – ДПМНЕ, која беше спремна да се спротистави на српската агресија. Во овој момент мислам дека таква структура не постои. Мислам дека денеска југословенството и српството е посилно отколку во деведесеттите години.“, вели Љубчо Георгиевски за „Лајм“.

Слични содржини