Меџити откри кој ќе го замени во Владата доколку стане градоначалник на Чаир

од Nikola Popovski
51 прегледи Фото: Меџити

Вицепремиерот и министер за животна средина, Изет Меџити денес изјави дека доколку ја добие трката за општина Чаир, тогаш пратеникот и екс-министер Беким Сали ќе ја преземе функцијата вицепремиер.

Меџити во изјава за медиумите на албански јазик во земјава, истакнал дека во рамките на коалицијата ВЛЕМ се согласиле дека Сали е компетентна личност која е подготвена и има искуство да ги заврши работните задачи.

ВЛЕН го официјализираше најголемиот број кандидати за локалните избори, кои според нив, ќе победат во повеќето општини со албанско мнозинство.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека Меџити ќе продолжи да ги извршува своите обврски и покрај неговата најавена кандидатура за претстојните локални избори.

-Секој министер има и заменик-министер. Тие не поднесуваат оставка. Нормално е дека ќе ги извршуваат своите обврски во рамки на ресорите каде што се министри и истовремено ќе бидат кандидати, истакна Мицкоски, додавајќи дека ова не е првпат функционери да се кандидираат додека се на јавна функција.

Според премиерот, вакви случаи биле честа пракса и во минатото, и дека нема причина да се очекуваат нарушувања во работењето на институциите.