Матурантите со просечна оценка 3,69 – 172 се обиделе да препишуваат

од Nikola Popovski
27 прегледи

Просечната оценка на успехот од полагањето на двата екстерни испита од државната матура во јуни е 3.69. Министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорката на Државниот испитен центар Даниела Јовчевска-Михајловска на прес-конференција ги соопштија резултатите од јунскиот испитен рок во кој пријсвени за полагање биле 15 004 матуранти од сите видови образование (гимназиско, стручно, уметничко) и на сите наставни јазици. Околу 3 проценти не дошле на испитите.

Јаневска изрази задоволство што успехот е поголем од минатата година кога просечна оценка била 3.26 и бидејќи немало голем број препишувања. Како што рече, 172 се обиделе да препишат и да го „надмудрат“ системот.

Мајчин јазик и литература (македонски, албански, турски и српски), кој е задолжителен за сите матуранти, се полагаше на 31 мај, а вториот испит, кој е изборен за учениците, беше на 11 јуни.

Матурантите кои во јуни не ја положиле државната матура или не во целост, ќе  полагаат во августовската сесија – на 12 август е  испитот по мајчин јазик (македонски, албански, турски, српски) и литература, а на 14 август е полагањето на изборниот екстерен испит (математика, англиски јазик, француски јазик, германски јазик, руски јазик, италијански јазик, филозофија, естетика).