📸ИЛЈАДНИЦИ ГРАЃАНИ ИЗГЛАДНЕТИ: Турканици кој попрво да стигне на ред – светот згрозен од случувањата во Газа

од Весна Петровска
12 прегледи

Израел ќе го олесни постепениот и контролиран влез на стоки во Појасот Газа преку локални трговци, објави денеска неговата воена агенција која управува со хуманитарната помош.

Израелскиот COGAT објави дека владата одобрила механизам за зголемување на количината на хуманитарна помош со дозволување стоки да влезат во Газа преку приватниот сектор.

Принтскрин/ Јутјуб

Агенцијата соопшти дека станува збор за основни прехранбени производи, храна за деца, овошје и зеленчук и хигиенски производи.

„Целта е да се зголеми обемот на помош што влегува во Појасот Газа, а воедно да се намали зависноста од помошта собрана од Обединетите нации и меѓународните организации“, соопшти COGAT.

Ројтерс пишува дека сè уште не е јасно како би функционирале овие операции, земајќи го предвид уништувањето на Газа.

На Газа ѝ се потребни 600 камиони хуманитарна помош дневно

Палестинските и официјален претставник на ОН предупредуваат дека палестинската територија има потреба од 600 камиони хуманитарна помош дневно за да ги задоволи основните потреби на населението.

Израел дозволил таков број пред војната.

Фотографиите и видеата од гладни Палестинци, вклучувајќи деца, го шокираа светот во последните недели, како и видеото од гладен израелски заложник објавено од Хамас во неделата.

Како одговор на меѓународните критики, Израел минатата недела објави чекори за зголемување на помошта за Газа, како што се делумни прекини на огнот, дозволување воздушни транспорти и заштита на коридорите за испорака.

Хамас објави дека е подготвен да се координира со Црвениот крст за доставување помош на заложниците во Газа доколку Израел отвори коридори и ги запре воздушните напади за време на дистрибуцијата на помошта.

Обединетите нации проценуваат дека Израел убил повеќе од илјада луѓе од мај додека барале храна, повеќето од нив во близина на дистрибутивните центри.