Забележан е раст на извозот во првото полугодие од 2025 година, споредено со истиот период од претходната година, соопшти Државен завод за статистика (ДЗС).
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – јуни 2025 година, изнесува 249.072,3 милиони денари и бележи пораст од 2,9 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – јуни 2025 година, изнесува 349 611.4 милиони денари, што е за 2,4 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација покажува дека во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи.
Во увозот најмногу се застапени: нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и електричната енергија.
Во периодот јануари – јуни 2025 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Грција, Кина и Србија, кои учествуваат со 47,3 % во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 60,4 % во вкупната размена.
Извоз јануари – јуни 2025 година во однос на јануари – јуни 2024 година
249 072.3 милиони денари: +2.9 %
4 043.4 милиони евра: +2.9 %
4 427.5 милиони САД долари: +4.2 %
Увоз јануари – јуни 2025 година во однос на јануари – јуни 2024 година
349 611.4 милиони денари: +2.4 %
5 675.8 милиони евра: +2.4 %
6 205.3 милиони САД долари: +3.5 %