Скендер Реџепи Зејд е кандидатот за градоначалник на Скопје од Европскиот фронт

Моментално е пратеник во Собранието на Република Северна Македонија и лидер на Народното движење.

од desk2
28 прегледи

Кандидатурата на Реџепи ја објави на својата Фејсбук страница лидерот на ДУИ Али Ахмети. Скендер Реџепи Зејд e пратеник и лидер на Народното движење.

„По консултациите со лидерите на политичките партии кои ја сочинуваат Национална алијанса за интеграција, со целосно единство и со заедничка одлука, се договоривме дека наш кандидат за градоначалник на Скопје да биде Скендер Реџепи кој е претседател на политичката партија Народно движење. Дипломирал на Филозофскиот факултет, поседува долго и докажано искуство во граѓанскиот сектор и граѓанското општество. Моментално е пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, каде е глас на граѓаните, бранител на нивните права и застапник на длабоките политички и социјални реформи“, пишува во објавата Ахмети.

Тој додава дека Реџепи има долго и докажано искуство во граѓанскиот сектор и граѓанското општество и дека е јасна алтернатива на Скопје, град кој заслужува еднаков развој.

Слични содржини