📽Вулкан на Камчатка исфрла пепел во висина од 11,5 километри

од Весна Петровска
20 прегледи

Уште една емисија на пепел со височина до 11,5 километри е регистрирана денес на вулканот Кључевскаја Сопка во Камчатка, објави Институтот за вулканологија и сеизмологија на Далечноисточната филијала на Руската академија на науките на својот Телеграм канал.

Ова е веќе втора емисија на пепел утрово, пренесува Тас.

Вулканот Кључевскаја (Кључевскаја Сопка) е највисокиот активен вулкан во Евроазија и има правилна форма на чаша со кратер на врвот со дијаметар од околу 700 метри.

Во моментов има седум активни вулкани во Камчатка, од кои најголемиот е Кључевскаја.

Вулканот почна да еруптира ноќта на 31 јули по силен земјотрес со магнитуда до 8,8 степени според Рихтеровата скала, а неговата ерупција станува сè посилна, пренесува Танјуг.