Јакимовски: Зарем не е грев да земаш меѓународни кредити за тротоари и плоштади?

од Nikola Popovski
438 прегледи

„Зарем не е грев да земаш меѓународни кредити за тротоари и плоштади“, изјави синоќа градоначалникот на Општина Карпош, Стевче Јакимовски во однос на унгарскиот и британскиот заем што ги зема Македонија во изминатите месеци. Јакимовски тврди дека средствата од унгарскиот кредит веќе биле потрошени.

-Еден пријател сакаше да прави здравствена институација, бараше од унгарскиот кредит и вика дека нема, потрошен е, рече Јакимовски во емисијата „Тешки муабети“.

Градоначалникот вели дека „има нова енергија во Министерството за финансии – 7,5 милијарди бевме задолжени, а сега уште седум нови за 10 месеци. Јакимовски ја критикува актуелната власт, истакнувајќи „ако ни останат уште седум години овие, 70 милијарди ќе не задолжат“.

Ваквата изјава на Јакимовски следува откако вчера министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска објави дека имала „пријателска и конструктивна средба со Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош, и пратеникот Тони Јаревски“. Притоа таа порача во својата објава дека „Карпош заслужува нова енергија посветена на граѓаните, чесна и ефикасна локална власт“.

Слични содржини